Страшен судар на силите на природата: Лавата на вулканот уништила многу домови и навлегла во океанот, а потоа имало и земјотреси!

Точка

09/06/2018

18:27

6.482

Големина на фонт

а а а

Лавата којашто истекувала од вулканот Килауеа на Хавајскиот остров од почетокот на минатиот месец уништила околу 600 домови, што ја прави најдеструктивната ерупција во модерното време, изјавил регионалниот градоначалник Хери Ким.

Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот и нејзината најрана ерупција била во 1983 година.


Последната вулканска ерупција која денес влезе во 37ден, исто така е најдеструктивната ерупција во САД од катаклизмичната експолозија на вулканот Сент Хеленс во Вашингтон 1980 година, која опустошила стотина квадратни километри. Огромната река или лавината од Килауеа со ширина од 800 метри, а висина 4,5 метри течела се до источниот крај на островот. После три дена лавата навлегла во водите на заливот Капохо, ширејќи се на околу километар и половина од крајбрежјето.


За време на ерупцијата имало многу земјотреси, во главно со мала магнитуда, но затоа биле многубројни. Освен куќи лавата уништила и други објекти вклучувајќи ги телефонските линии, а надлежните биле приморани да ја исклучат геотермалната ценрала која обезбедува четвртина струја за островот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг