Конте: Ќе поддржиме отворање кон Русија

Макфакс

06/06/2018

10:18

928

Големина на фонт

а а а

ЕВРОПАКонте: Ќе поддржиме отворање кон РусијаОбјавено пред 1 минута - 6 јуни, 2018Од Mak Fax Горниот дом на италијанскиот парламент синоќа изгласа доверба на новата популистичка влада, додека долниот дом ќе гласа денеска, пренесуваат италијанските медиуми. Премиерот Џузепе Конте најави фискални реформи, посветеност на постоечките сојузи, но и промена на ставот кон Русија.

Италија е близу до формирање на првата популистичка влада во западна Европа. Коалицијата на антисестемското Движење на пет ѕвездички и крајната десничарска Лига доби доверба во Сенатот. Од присутните 314 сенатори, новата влада доби 171 глас, 117 против и 25 воздржани. Во пресрет на гласањето, премиерот Џузепе Конте во парламентот ја претстави програмата на новата влада.

„На меѓународниот политички и економски план потврдуваме посветеност кон Атланстаката алијанса со САД, како традиционалните привилегирани сојузници. Но, да знаете дека ќе поддржиме и отворање кон Русија и ќе промовираме ревизија на системот за санкции, кој може да му наштети на општеството на таа земја“ изјавил премиерот Конте.

Сепак, според најавите, најголеми промени во однос на претходната влада се очекува да има по прашањето со мигрантите. Конте предупредил дека италијанската влада планира повторно да преговара за фискалната политика со ЕУ, но ги уверува партнерите дека за напуштање на еврото нема да се разговара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг