Партијата Единствена Македонија изрази шокираност од вчерашната изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој, по средбата во Солун со градночалникот Јанис Бутарис изјавил дека Македонците имаат словенски и албански корени и дека ние тоа го признаваме.
„Земајќи предвид дека Ципрас се среќава на неколку пати со Заев, јасно е дека тоа признавање дека Македонците имаат наводни корени и од Гегите (Арнаутите) т.н. Албанци е направено од страна на Заев. Дотолку повеќе, од страна на Заев нема никаква реакција на јасната изјава на Ципрас дека има признание дека Македонците имаат корени и од Албанците. Ова е невиден скандал. Марионетата Заев купен и контролиран од странски центар, отиде предалеку во очајничкиот обид да сруши се што е македонско“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.
Партијата побара одговорност и додаде дека новата власт на Единствена Македонија ќе ги расчисти целосно националните предавства, согласно законите што ќе произлеат од новиот македонски Устав.