Во четврток нова средба за името со медијаторот Нимиц во Њујорк

Макфакс

20/05/2018

17:08

1.914

Големина на фонт

а а а

Во четврток и петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што информира Министерството за надворешни работи, министерот Никола Димитров на 24 и 25 мај (четврток и петок) во Њујорк, ќе се сретне со грчкиот колега Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

Вчера се одржа лидерска средба во Скопје, на која премиерот Зоран Заев информираше дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, е Република Илинденска Македонија. Тој истакна дека името на англиски јазик би се изговарало како „Republic of Ilinden Macedonia“, а на албански „Republika Ilinditase e Maqedonisë“.

„Со ова можно решение го чуваме достоинството, го потврдуваме и го зајакнуваме нашиот македонски идентитет. Илинден е гаранција и за мултиетничка Македонија. Илинденската Македонија е држава и општество за чиј добробит и развој подеднакво се ангажирани и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Ромите и Бошњаците, и сите други што се бореле и избориле за слободна и независна Македонија“, истакна Заев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг