Го паднале на земја и почнале да го удираат: Градоначалникот на Солун брутално нападнат од националистите

Точка

20/05/2018

16:30

6.963

Големина на фонт

а а а

Националистичките екстремисти во саботата го нападнале градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис и му нанеле повреди во пределот на главата, грбот и нозете поради што бил хоспитализиран, пренесува претседателката на собирот Калипсо Гула.

Таа изјави дека градоначалникот Бутарис присуствувал на церемонијата за спуштање на знамето по повод комеморацијата на Грците кои загинале во борбата со Турците во Втората Светска Војна и грчко-турската војна која следувала. 


Гула, која исто така присуствувала на тој настан, навела дека десетина луѓе му пришле на Бутарис (75) и му рекле да го напушти собирот, а потоа го нападнале фрлајќи со чаши по него.

Бутарис паднал, а напаѓачите го удирале по главата и нозете. Гула рекла дека и политичарите биле исвиркани за време на црковната служба за комеморација на жртвите. Градоначалникот Бутарис бил инаку познат по антинационалистичките ставови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг