Пристапна цена и фантастични опции: Honor 10 е новиот крал на средната класа

Точка

17/05/2018

19:01

4.537

Големина на фонт

а а а

Од Huawei соопштија дека новиот модел на нивниот „подбренд“ Honor е достапен на глобалниот пазар, а многумина Honor 10 го споредуваат со Huawei P20/P20 Pro.

Иако ги нема истите опции како и Pro, сепак Honor 10 ќе ги освои корисниците со својот прекрасен дизајн, одличен хардвер и секако, пристапната цена во однос на паметните телефони на најсилната конкуренција. На европскиот пазар моделот со 64 GB интерна меморија ќе се продава по цена од 399 евра, додека моделот со 128 GB ќе биде 50 евра поскап.

Хардверски, овој паметен телефон дели бројни исти опции како и топ моделот на Huawei - работи на процесорот Kirin 970, има 4 GB RAM меморија и батерија со капацитет од 3450 mAh. Исто така, треба да се издвои дека Honor 10 ја има и се поретката опција - 3,5 мм излез за слушалки.

Една од разликите во однос на најдобриот телефон на Huawei е екранот, односно типот на екранот. P20 Pro има OLED екран, додека Honor 10 има 5,84-инчен класичен LCD екран и „заб“ на горниот дел од предната страна како кај iPhone X.


Предната камера која што е наменета за селфи фотографиите има резолуција од 24 мегапиксели со отвор на бленда од f/2.0 и овозможува снимање на портретни фотографии со студиски ефекти.

На задната страна се сместени две камери - главната со резолуција од 16 мегапиксели и монохроматска камера од 24 мегапиксели која што во правењето на што е можно подобри фотографии ќе има помош од вештачка интелигенција која ќе ги распознава објектите во околината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг