Средба Заев-Каминис: Договорот за соработка меѓу Скопје и Атина е мост на доверба

Макфакс

27/04/2018

20:34

397

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, попладнево се сретна со градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис.

Премиерот Заев и градоначалникот Каминис се согласија дека ваквите чекори на градење доверба, како што е денеска потпишаниот договор за соработка меѓу Скопје и Атина, се историски чекори на поставување мостови за соработка, што е од помош и за политичкиот процес што се води на меѓувладино ниво.

– Одговорни сме за иднината на сегашните, но и на идните генерации, и треба да ги развиваме нашите пријателски односи. Скопје е најголем град во нашата држава, ќе биде од значење размената на искуства меѓу нашиот главен град и Атина во делот на позитивни практики на менаџирањето – рече премиерот Заев.

Градоначалникот на Атина изрази разбирање за евро-атлантските аспирации на државава. Тој додаде дека е отворен прозорец на можности за владите на двете земји да најдат решение за отвореното билатерално прашање.

– Грција е една од најстарите земји членки на НАТО и ЕУ и мора да биде лидер во обезбедувањето евро-атлантска иднина за целиот регион. Работиме и на клучните реформски процеси, градиме едно општество за сите граѓани и ќе направиме сè што е до нас да биде најдено заедничко прифатливо решение. Во меѓувреме добро е што постои политичка волја, ќе ги зајакнуваме довербата, меѓусебната соработка и добрососедските односи – додаде премиерот.

На средбата Заев и Каминис се согласија и дека Балканот мора да остане стабилен и дека тоа е можно со чиста визија на лидерите и на владите, но и на другите политички субјекти во државите и општествените фактори кон каде се оди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг