Верстапен: Не ми треба психијатар

КРУГ.МК

20/04/2018

19:10

1.534

Големина на фонт

а а а

Макс Верстапен повтори дека ќе остане агресивен како и секогаш во иднина, но ќе се обиде подобро да ги пресудува ситуациите. Возачот на Ред Бул дојде “под лупа“ по инцидентот со Себастијан Фетел во Кина.

Холанѓанецот се обиде да го мине возачот на Ферари иако тоа беше премногу оптимистички, така што двајцата се извртеа на патеката.

„Не беше моја најдобра трка, но повеќе не размислувам за тоа. Научив од грешката и поминувам преку тоа. Нема да намалам со агресивноста, но ќе ги пресудувам ситуациите подобро“, објасни Макс.

Тој смета дека во иднина ќе се осврнува повеќе на луѓето кои им верува за совет, како на пример татко му Јос и Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко.

„Тие луѓе знаат како стојат работите и ме разбираат и поради тоа сметам дека не ми треба психијатар.

Дали спијам мирно? Секогаш спијам добро.

Знам дека требаше да постапам поинаку, но ако се е познато однапред можете веднаш да го смените целиот свет.

Во одреден момент треба да погледнете пред себе, така што јас сега гледам кон Баку“, заврши Верстапен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг