СДСМ: Извештајот на „Фридом хаус“ потврда за успехот на реформскиот процес

Макфакс

11/04/2018

16:17

629

Големина на фонт

а а а

Последниот извештај на „Фридом хаус“ во кој се нотира напредок во независност на медиумите и демократското владеење е уште една потврда за исправноста на започнатиот реформски процес од Владата предводена од СДСМ, соопшти владејачката партија.

„По долги години уназадување, кога Македонија беше категоризирана како заробена држава, извештајот на ‘Фридом хаус’ за првпат нотира дека во 2017 година постои напредок во националното демократско владеење и независноста на медиуми, а Македонија е категоризирана како ‘светла точка’ и држава која најмногу ветува дека е можен демократски пробив во Европа. Ова се првични констатации, по само неколку месеци од преземањето на одговорноста од страна на СДСМ“, се вели во партиското соопштение.

СДСМ додава дека реформскиот процес, ослободувањето и професионализацијата на државните институции што овозможуваат независни медиуми, професионални институции и неселективно владеење на правото ќе продолжи уште позасилено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг