Она што може да се научи од вчерашните настани е дека добивме појасна слика колку се растроени државните институции од внатре, колку тие се нагризени од партиското навлегување на послушници на ВМРО-ДПМНЕ.
Вчерашните настани во Собранието имаат позитивно и негативно значење.Позитивно – што дефинитивно, по речиси четири месеци, е избран претседател на Собранието и во начело е завршената постапката за конституирање на Парламентот. Сега му останува да го утврди составот на работните тела и да биде ставен комплетно во функција. Но, многу е важно што со изборот на претседател на Собранието се создадени услови за избор на влада. Очекувам наскоро да добиеме реформска влада, која ќе биде во функција и ќе ги земе работите во свои раце.
Негативно е што вчерашните настани беа демонстрација на сила во Собранието, што ретко се случува во светот. Со тоа е многу влошена сликата на Македонија во меѓународната јавност. Беше јасно од она што се случуваше дека проектот „За заедничка Македонија“ е под покровителство на Никола Груевски и се откри целата смисла за неговото постоење и зошто е ставен во функција.

Она што може да се научи од вчерашните настани е дека добивме појасна слика колку се растроени државните институции од внатре, колку тие се нагризени од партиското навлегување на послушници на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа вчера го видовме низ односот на полицијата, која целосно потфрли. Неопходно е да се изврши сериозна чистка во полицијата -од раководството, па по хоризонтала со обичните извршители.Тоа е сериозен проблем, кој дава до знаење дека таа состојба не е само во полицијата туку и во правосудството и другите државни органи.
Овие настани можевме да ги очекуваме веќе одамна бидеќи Никола Груевски упати повик народот да ја штити државата.Тоа е повик на народот со насилство да ги разорува државните институции.Од вчера треба да се извлечат вистински заклучоци и поуки и во државата, но и во ВМРО-ДПМНЕ.
Настаните и блокадите од 20 декември што ги вршат припадниците на ВМРО-ДПМНЕ укажуваат дека во таа партија има сили кои се подготвени да ја рушат државата и државните институции, ако на тој начин можат да се спасат себеси од одговорност.
Се покажа дека може цела маса народ да биде заведена и наведена на насилство ако една влијателна партија со богата инфраструктура прогласи таква политика. Затоа, по вчерашните настани сосема е јасно дека е потребна голема чистка во ВМРО ДПМНЕ, пред сè во нејзиниот врв, пренесува Макфакс.

Што се однесува до однесувањето на претседателот Иванов, во последните месеци бевме сведоци колку штети направи со блокадите што ги правеше во конституирањето на државната власт.Тој е надвор од сите критериуми за демократско вршење на власт и неговиот повик на дијалог е апсурден.Кој сè од светот не дојде на дијалог, а какви грешки прави му кажуваа и сериозни и одговорни луѓе.Сега е доцна да организира дијалог и да се оди кај него на лидерска средба.Она што сега може да направи, а е различно од досега што го правеше – итно веќе денес да му го даде мандатот на претставникот на парламентарното мнозиство.За другите негови одговорности – лоши и погрешни дела, како и за евентуални позитивни,треба да се разговара.
Андов потсети дека на чело на Собранието веќе стоел Албанец
Талат Џафери нема да биде првиот Албанец на оваа позиција. Оваа функција во последните пет години пред плурализмот ја извршуваше Вулнет Старова, Албанец, прв човек на Собранието од 1986 до 1991 година, во време на Социјалистичка Република Македонија. Неговиот наследник, по првите парламентарни избори беше Стојан Андов. Тој за Алсат М одамна изјави дека доколку стаса ваков предлог, не би требало да има простор за колебање.
Значајно е веднаш да се нагласи дека Вулнет Старова, Албанец, како професор, општественик, доктор по медицински науки, е последниот претседател на делегатското собрание на Социјалистичка Република Македонија. На таа функција беше избран на конститутивната седница на Собранието од четвртото делегатско свикување на 28 април 1986 година, кога беа избрани и новите состави на Претседателството и на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија. Функцијата ја извршуваше до 8 јануари 1991 година, кога беше конституирано првото повеќепартиско собрание. Потоа работеше на Медицинскиот факултет, на Детската клиника, а извршуваше и професорска универзитетска дејност. - пишува на веб страната на Македонското Собрание.

"Етничиот предзнак не значи ништо, никаква пречка не е тоа, бидејќи ние досега сме имале Албанец, претседател на Собранието. Тоа е почитуваниот, наш, чуен педијатар, Вулнет Старова кој беше пред мене. Кога заврши неговиот мандат, па во новото повеќепартиско Собрание бев избран јас. Така да, тоа не може да биде пречка, не сметаше ништо, беше одличен претседател и верувам и Талат Џафери ќе биде, тоа не може да му биде пречка. Сега, ако политички сметаат дека е неподобен, кај Талат Џафери исто е проверено. Колку што знам ја има довербата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи беше министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ", оценува Андов, а пренесува Фокус.
Џафери не би бил ниту прв кандидат Албанец за собраниски спикер по осамостојувањето, бидејќи во 2000-та година на предлогот Стојан Андов да биде претседател на законодавниот дом, номиниран бил и Абдурахман Халити од ПДП. Мнозинството гласови ги освои Андов, но остана запаметено дека пратеници Македонци поддржале Албанец да стане прв човек на Собранието.
Андов тврди дека клучна работа е собранискиот претседател да знае да си ја врши својата работа, а според него Џафери има повеќегодишно искуство во Парламентот.
"Тогаш јас бев кандидат и Алити, меѓутоа Алити многу се мислеше дали и воопшто да се кандидира, и самиот беше уверен дека овојпат штом сум кандидат треба да бидам избран. Инаку ќе беше и он одличен претседател, Алити беше одличен во секој поглед", додава Андов.
















