Нетанјаху им се закани на непријателите: Не го предизвикувајте Израел

Макфакс

24/04/2017

12:25

516

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека секојдневно се раководи со лекции за Холокаустот, истовремено заканувајќи им се на непријателите на Израел, да не ги предизвикуваат.

Израел го одбележа денот на сеќавање на жртвите од Холокаустот, со комеморација за шесте милиони Евреи, колку што систематски биле убиени од страна на нацистичка Германија и нејзините сојузници за време на Втората светска војна.

Зборувајќи на главната церемонија во меморијалниот центар Јад Вашем, Нетанјаху го обвини Иран и Исламска држава дека се обидуваат да го уништат Израел. Како што порача, една од лекциите на Холокаустот е „сами да се браниме од сите закани и од секој непријател“. 

Нетанјаху потсети дека Израел е силна нација со „една од најмоќните одбранбени сили во светот“ и предупреди дека „оние кои се обидуваат да ги уништат, сами ќе бидат уништени“. 

Во Израел денеска е еден од најтажните денови во земјата, кога во училиштата и локалните центри се одржуваат свечени церемонии, а кафулињата и сите места за забава се затворени.