“Gazeta Express” – Пратениците од Демократската партија на Косово го поддржуваат барањето за соборување на владата на Иса Мустафа

Макфакс

10/04/2017

11:53

715

Големина на фонт

а а а

Најмалку тројца пратеници од Демократската партија на Косово ја поддржуваат намерата на “Иницијатива за Косово” на Фатмир Лимај за соборување на владата на Иса Мустафа, пишува приштинскиот весник “Gazeta Express”.

Весникот потсетува дека претседателот на парламентот Кадри Весели, уште во октомври 2016 година изјавил подготвеност за предвремени избори.

Меѓу противниците на сегашната влада се уште и Алијансата за иднина на Косово и движењето “Самоопределување”.