Анабел повторно е тука: Секое зло има свои мали почетоци

Точка

04/04/2017

20:28

6.106

Големина на фонт

а а а

Што би направиле ако вашата ќерка ја убие манијак на улица? Како би се ослободиле од тагата и празнината кои ќе останат во вас? Како ќе продолжите понатаму, додека во вас се собира неописливо зло?

Една година по филмот „The Conjuring” во кината добивме и продолжение т.е. спин оф на тој филм – прилично застрашувачкиот „Annabelle“. Неверојатно успешното дело, кое со буџет од само шест и пол милион долари, успеало да заработи дури 256 милиони долари, уште еднаш ќе не` плаши во кино салите со својот главен лик, застрашувачката кукла Анабел.


Како што веќе научивме, демонските кукли не е лесно да се убијат. Барем не, ако им веруваме на хорор филмовите. Најновиот филм за морничавата кукла веќе во самиот форшпан започнува со исклучително непријатни сцени.

Приказната следи еден куклар и неговата сопруга, кои неколку години по трагичната смрт на нивната ќерка, угостуваат калуѓерка и неколку девјчиња од сиропиталиште. Но, никој не очекувал притоа нивниот дом ќе стане сцена на морничави настани, кога ќе се разбуди најужасното дело на кукларот – морничавата креација Анабел.


Филмот „Annabelle 2“ го режирал Швеѓанецот Дејвид Ф. Сандберг, кој зад себе нема многу филмови, според сценариото на Гери Дауберман, кој го напишал и првиот дел од сагата за Анабел. Во главните улоги ќе ги гледаме Миранда Ото, Ентони ЛаПагила и Стефани Сигман. Филмот се очекува во кината во август.