Долго време кружат гласини за спецификациите на најновиот адут на Самсунг на пазарот за мобилни телефони, а неодамна се појавија и цените по кои што ќе се продава новата „осмица“.
За најновиот модел од најпопуларната Galaxy серија на јужнокорејски Самсунг знаеме речиси се, а неодамна се појавија првите информации околу неговата цена. Имено, на интернет се споменуваа продажни цени од 799 евра за моделот Galaxy S8, односно 899 евра за моделот Galaxy S8 Plus.
Сепак, денеовиве се појави информација од „италијански извори“ која што ја пренесоа речиси сите реномирани "IT" портали ширум светот и според тие информации, првичните цени не се вистинити.

За жал, тие се повисоки и тоа за околу пет проценти, па Galaxy S8 би требало да чини околу 830 евра, а Galaxy S8 Plus би требало да чини околу 930 евра.
Секако, ако сето ова е вистина, тука се мисли на основната понуда, односно на моделите со 64 GB интерна меморија и 4 GB RAM меморија, додека моделите со 128 GB интерна меморија и евентуално 6 GB RAM меморија би требало да бидат поскапи за од 10 до 20 проценти.






