Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги исплати неизмирените обврски од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2016 година кон сопствените на приватни шуми.
Станува збор за исплата на 21 илјади евра за пошумување на сопственото земјиште со вкупна површина од 21,54 хектари на 16 лица. Со програмата за 2016 година беа обезбедени околу 25 илјади евра за пошумување на 25 хектари земјиште во приватна сопственост, за што конкурираа 17 лица, но само едно лице не ја реализираше мерката.
Исто така со програмата за годинава се предвидува мерка за пошумување на земјиште во приватна сопственост на вкупна површина од 20,13 хектари, за што се обезбедени средства од буџетот на Македонија во вкупен износ од близу 20 илјади евра или речиси 1.000 евра по хектар.
Бидејќи од година во година се повеќе расте интерсот на физичките лица за пошумување на земјиште што е во нивна сопственост, заложбата на МЗШВ е во иднина да се обезбедуваат повеќе средства за финансирање не само на оваа мерка за пошумуивање, туку во договор со сопствениците на приватни шуми, да се финансираат и други мерки што се во нивни интерес.
Во согласнот со Закон за шуми, Владата секоја година носи Програма за проширена репродукција на шумите со која се обезбедуваат средства за финансирање на повеќе мерки од областа на шумарството, како што се пошумување на голини и ерозивни земјишта, одгледување и заштита на шумите, санирање на опожарени шумски површини, како во државна така и во приватна сопственост.За следната година буџетот за оваа програма ќе биде зголемен за четирипати.
Една од важните цели на Владата ќе биде зголемување на шумскиот фонд во Македонија и многу поквалитетно чување на шумите и заштита од дивата сеча. А еден од главните приоритети во шумарството, кој се планира да отпочне е инвентаризација на шумите, преку која ќе се утврди фактичката состојба со каков шумски фонд располага Македонија, со цел правилно да се креираат политиките за управување и стопанисување со шумите во иднина.











