Направете сами: 100% природно масло за брзо потемнување

Точка

06/06/2017

17:51

3.935

Големина на фонт

а а а

Со доаѓањето на летната сезона, од сите страни сме “бомбардирани” со различни препарати за заштита од сонцето кои помагаат во добивање и одржување на здравиот, бронзен тен.

Но, зошто оваа година, наместо куповните производи со хемикалии, не подготвите природен препарат за потемнување, направен во домашни услови?

За ваквото природно масло за сончање ќе Ви бидат потребни:

• 6 зелени ореви

• еден голем свеж морков

• маслиново масло


Припрема:

Постапката е едноставна – пред сè, исецкајте ги оревите на четвртинки и ставете ги во тегла. Врз тоа додадете го морковот кој претходно ќе го изрендате, а потоа прелијте со маслиново масло. Вака подготвената смеса оставете ја да стои на сонце околу 30 дена, со повремено протресување.

По тој временски период, процедете го маслото и складирајте го во стаклено шишенце.

Сепак, бидете внимателни – овој препарат содржи заштитен фактор 5, па затоа користете го во текот на последните денови од одморот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk