Три природни состојки кои го помагаат растот на косата

Точка

24/03/2017

19:00

2.523

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да го убрзате растот на Вашата коса и воедно да ја негувате, Ви предлагаме три квалитетни природни состојки кои даваат одличен резултат.

Постојат многу фактори кои помагаат во растот на косата, како што се додатоците во исхраната (Б-комплекс витамини) и разни специјални и медицински шампони, но често забораваме дека и природните состојки можат да помогнат во ова.

Масло од рузмарин

Со масажа на темето се подобрува циркулацијата и се зајакнува коренот на влакното. А доколку додадете хранливо масло – резултатот ќе биде уште поголем.

Маслото од рузмарин се покажало како најефикасно бидејќи ефикасно ја поттикнува циркулацијата и го убрзува растот на косата. Додадете неколку капки масло од рузмарин во својот шампон и масирајте.


Јајца

Јајцата се вистинскиот избор ако имате коса која е склона кон оштетување. Тие содржат лецитин и протеини кои ја зајакнуваат и ја хранат косата. Помешајте две јајца со две лажици маслиново масло, а доколку смесата Ви е густа, додадете и малку вода. Вака подготвената смеса нанесете ја на сува и расчешлана коса и оставете да делува половина час. Потоа, шампонирајте и стилизирајте како и обично.

Рицинусово масло

Рицинусовото масло има антимикробни и антибактериски својства кои одлично делуваат на кожата на главата. Освен тоа, маслото е богато со омега-6 масни киселини, витамин Е, протеини и други хранливи состојки кои допринесуваат за обнова на косата и ја задржуваат влагата во внатрешноста на влакното.

Направете третман со масло така што ќе го загреете рицинусовото масло, а потоа ќе го нанесете по целата должина на косата. Замотајте ја косата во пластична капа за да ја задржи топлината. Оставете да делува барем 15 минути, а потоа добро измијте ја косата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk