Средношколци му направиле роботска рака на нивниот соученик за да живее без пречки

Ученици во средно училиште во Тенеси му направиле роботска рака на својот соученик за да му помогнат да живее живот без пречки. Во центарот на можеби најпозитивните вести што сме ги слушнале во САД од почетокот на годината, е Серхио Пералта, кој минатата есен почнал да учи во средното училиште Хендерсон во близина на Нешвил, обидувајќи се да скрие дека неговата десна рака не е целосно формирана, пренесува CBS News.