Јутјубер направил електрична гитара од 1000 стопени лименки

Рециклирањето лименки од алуминиум вообичаено не е нешто што се прави дома, но ако имате волја, трпение и слободно време, можете од нив да направите вистинска електрична гитара. Тоа го докажа и Јутјуберот „Burls Art“, кој досега правеше гитари од хартија, карбонски влакна, па дури и од дрвени боички.