Хрватскиот селектор го одработи најбизарното интервју во историјата, легендите распалија: Мора да си оди! (Видео)

Хрвоје Хорват доби доста критиките за поставеноста на тимот и одлуките кои ги носеше пред мундијалот и за време на истиот, но сега ги разбесни и најголемите ракометни легенди со тоа што го направил по последниот меч. Хорват испраќал срца на почетокот од разговорот и одбил да одговори на едно прашање на новинарката, односно на она поврзано за неговата иднина во репрезентацијата. Најбизрано од се е што селекторот само ја отворал устата и буквално направил циркус без да изусти еден збор, односно се погрижил за чист пример на „слика има – тон нема“.