Излезе најава за новиот специјал на „The Grand Tour“: Славната тројка на авантура во Скандинавија

Новиот специјал на „The Grand Tour“ ја носи славната тројка во Скандинавија, и тоа во 3 спортски автомобили со рели „гени“. Хамонд, Кларксон и Меј зад воланот на омилените рели возила ќе доживеат бројни авантури кои вклучуваат посета на подморничка база, скијање и трки на заледено езеро, како и неизоставни несреќи...