Погледнете го трејлерот за „Ticket to Paradise“, нова романтична комедија со Џулија Робертс и Џорџ Клуни

Џулија Робертс и Џорџ Клуни играат завојувани родители во новата комедија наречена „Ticket to Paradise“, а сега е објавен и официјалниот трејлер за истата. Во новообјавениот трејлер ги гледаме Робертс и Клуни во улога на поранешни љубовни партнери во мисија да ја спречат нивната ќерка да ја направи истата грешка која ја направиле тие пред 25 години, кога се венчале млади. Како што е наведено, филмот ќе ја има својата премиера на 21-ви октомври оваа година.