Јутјубер изработил сопствен „PlayStation 5 Slim“

„Sony“ вообичаено по претставување на новите конзоли неколку години подоцна нуди и „слим“ верзии, но сè уште се чека на „PS5 Slim“. Меѓутоа, Јутјуберот Метју Перкс од каналот „DIY Perks“ ја престигнал јапонската компанија. Јутјуберот го расклопил стандардниот „PS5“ и заменил сè што било потребно за да се ослободи од гломазноста. Компонентите ги заменил со слични делови кои сам ги направил, вклучувајќи и куќиште за конзолата, а резултатот бил уред со дебелина од само 1,9 центиметри.