Марсело со солзи во очите се збогуваше со Реал и откри непозната приказна за Раул: Ти си мојот пример

Марсело го дочека своето официјално испраќање од Реал Мадрид како клуб и институција, после цели 16 години во кои од младо и незрело момче се претвори во маж. – Ќе кажам нешто што никогаш го немам кажано. Сакам пред сите тука јавно да му се заблагодарам на Раул кој седи меѓу нас. Ти ми помогна многу кога дојдов и кога на овој свет дојде мојот син Енцо. Тоа никогаш нема да го заборавам, ти и твоето семејство ни подаривте цела кутија со подароци, многу работи за моето бебе. Секогаш ми даваше совети, секогаш беше многу добар со мене, ти и твоето семејство. Тоа никогаш нема да го заборавам, ти беше мојот пример како капитен, – со солзи во очите откри Марсело.