Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин денеска првпат ги посети руските војници ранети во Украина, три месеци по почетокот на офанзивата на соседната земја. На снимката на руската телевизија се гледа како Путин во бела кошула разговара со неколку војници и ги прашува од каде се и каква е нивната семејна состојба. Обраќајќи му се на еден војник, претседателот му рекол дека неговиот деветмесечен син „ќе биде горд на својот татко“.