"Dacia 1300" или "BMW 335d xDrive"?

Еден од автомобилските симболи на "Студената војна" секако е "Dacia 1300", која била заснована на "Renault 12" технологија и имала за цел да ја моторизира Романија, но оваа конкретна "Dacia 1300" има малку допирни точки со фабричката верзија. Имено, станува збор за модел подготвне за трки за забрзување, кој под хаубата има 1,8-литарски турбо бензинец со 500 коњски сили, а силата ја пренесува на патот преку сите четири тркала. Противник му е "BMW 335d xDrive F31", кој бил засилен од почетните 313 коњски сили на дури 500. Ова "BMW" достигнува "стотка" за 4,8 секунди. Погледнете како се одвивала оваа трка...