Ѓоковиќ победи, па со еден потег предизвика голема радост кај еден фан: Тој ми даваше совети

Новак Ѓоковиќ по нова драма славеше над Стефанос Циципас и на тој начин го освои трофејот на Ролан Гарос. По добро завршената работа и победата, Србинот беше расположен и рекетот му го подари на едно дете на трибините кое едноставно не можеше да поверува што се случува, а најдобар доказ за тоа е искрената реакција. „Не знам кое е момчето, но цело време го слушав. Ме бодреше кога губев со 2-0. Дури ми даваше и совети за време на натпреварот, како тренер. Тој беше најдобриот избор, сакав да му дадам рекет затоа што ме поддржуваше во текот на целиот натпревар“, истакна Ѓоковиќ.