Левиот бек на Рома откако доби нокаут од собирачот на топки: Сакав да направам многу работи во тој момент…

Рикардо Калафиори оваа сезона добива симболична шанса од страна на Фонсека и најчесто играше во групната фаза во Лигата на Европа, но вчера по повредата на Спинацопла доби шанса во четвртфиналето против Ајакс.Во самата завршница од мечот, тензијата беше на завидно ниво и во фокусот се најде еден од собирачите на топки, кој ја фрли топката во лицето на младиот лев бек на Рома.