Како Лука решава натпревари: Најблескавите моменти на Дончиќ во НБА лигата

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ имаше уште еден магичен натпревар во НБА лигата и тоа против Бостон Селтикс кого го реши со све тројки во самата завршница на пресметката во Тексас. Водени од таа нова мајсторија, луѓето од НБА направија посебно видео за Словенецот со неговите најблескави моменти, поточно ситуациите во кои тој решава, носи победа или во најмала рака продолжение на Далас.