Снимката од оваа овца од Австралија го обиколила целиот свет. Оваа овца на себе имала волна тешка 35 килограми. Била пронајдена како лута низ Австралија, а на волонтерите им било потребно некое време да сфатат дека под необичното и огромно крзно всушност се крие овца. Веднаш ја потстрижиле и така и го спасиле животот.