Шектин а Фул: Драмонд го имаше најлошиот потег на неделата, Олдриџ покажа дека е вистински „бананамен“

Четвртата епизода од новата сезона на „Шектин а Фул“ на чело со Шекил О’Нил, донесе четири моменти кои заслужено се најдоа на листата, поточно во оваа стандардна НБА рубрика на ТНТ. На одбројувањето се Портис од Милвоки со неговото катастрофално промашување, тука се Хјустон и Лејкерс кои имаа низа на неуспешни забивања на нивната пресметка додека најдобри се Олдриџ со епскиот обид за „банана“ како и Драмонд од Кливленд кој го има најглупавиот, најлошиот потег на неделата.