Излезе најавата за македонскиот филм „Денот на жената“

Во октомври минатата година започна снимањето на македонскиот филм со наслов „Денот на жената“, а сега излезе и новата видео најава. Филмот е во режија на Гоце Цветановски, а како директор на фотографија се јавува Фејми Даут, кој пред две години беше дел од екипата на „Медена земја“. Главната улога ѝ припадна на младата актерка Слаѓана Вујошевиќ. Фокусот во филмот е ставен на трговијата со луѓе, а ликот на Вујошевиќ е истражувачка новинарка која се обидува да ја разоткрие вистината. Покрај Вујошевиќ, во филмот се појавуваат и актерите Муса Исуфи, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези, Елени Декидис, Егзона Салиху, Катерина Коцевска и Авни Далипи.