Кон почетокот на месецов излезе првиот трејлер за филмот „Вештерки“, по што реакциите не стивнуваат. Се работи за адаптација на истоимениот роман на Роалд Дал, автор на детска книжевност. Филмот е во режија на Роберт Земекис, а во главната улога е Ен Хатавеј, која фантастично се трансформира. Од 22 октомври филмот ќе биде достапен на стриминг платформата на HBO Mах.