Признанија за Македонците: Стоилов и Митревски во дрим-тимот на колото во ЛШ

Брилијантните партии на Никола Митревски и Стојанче Стоилов им донесоа признанија, места во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите.Голманот Митревски блескаше против Пик Сегед со 15 одбрани, додека пак Стоилов со свој личен рекорд, осум гола во елитното натпреварување го предводеше Вардар во славјето над Флензбург во СЦ „Јане Сандански“.