Леброн ја грабна титулата, па почна да ѝ зборува: „Не можам да поверувам дека ме изневеруваше“

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја освои титулата во НБА лигата, а за тоа дефинитивно најзаслужен беше Леброн Џејмс. Ова за Леброн беше 4-та титула со трет различен тим, прва по 2016 година, па големата ѕвезда откако го грабна трофејот „Лери О’Брајен“ испрати и една порака: „Не можам да поверувам дека ме изневеруваше во минатите четири години. Што ти е на тебе? Ќе те однесам дома кога светлата ќе се изгаснат“, истакна Леброн кој со ова ги изнасмеа соиграчите.