Затоа беше МВП: Најдобрите потези од Леброн во финалето на НБА лигата

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја освои титулата во НБА лигата, а за тоа големи заслуги има Леброн Џејмс. За најкорисен играч во финалето беше Џејмс кој едноставно ги пополнуваше сите категории, поени, скокови, асистенции…едноставно го правеше она што најдобро го прави со години. НБА лигата во негова чест скопи, состави видео со неговите најдобри потези, акции, асистенции, забивања од битката со Мајами Хит, па уживајте во наредните 20 минути.