Најдобрите потези и акции од финалето во НБА лигата: Леброн, Дејвис, Батлер…

Финалето во НБА лигата заврши со триумф на екипата на Лос Анџелес Лејкерс која славеше над Мајами Хит во шест натпревари со 4-2. Ова за составот од Калифорнија беше 17. титула во најсилната кошаркарска конкуренција, прва по пауза од 10 години, но и прва во ерата на Леброн Џејмс кој дојде во Лос Анџелес да го врати сјајот на „езерџиите“. Серијата меѓу Лејкерс и Мајами донесе навистина квалитетна, возбудлива кошарка, одлични потези, поени, акции, а од НБА оние најквалитетните, најатрактивните ги „спакуваа“ во едно видео. Уживајте во мајсториите!