Ова е најлудата улица во светот: Луѓе пијат кафе, а на половина метар од нив минува воз

Најлудата улица во светот се наоѓа во Виетнам, а она што е специфично за ова место е тоа што луѓето се собираат секој ден во одредено време кога возот минува според возниот ред. Тие пијат кафе, а секој го држи својот телефон за да го сними интересниот момент кога возот минува оддалечен само половина метар од нив.