Александар Кирковски за рекордно време реализира брзинско искачување на Пелистер

На 22.07.2020 година Александар Кирковски, планинар и планински тркач, реализира брзинско искачување на врвот Пелистер 2601 мнв со старт од Инфоцентар по патеката “преку Болници“. Рутата до врвот и назад е долга вкупно 19 километри со 1200 висински метри, а Александар ја мина за вкупно 2 часа 05 минути и 31 секунда (1 час 16 минути успон, 49 минути спуст) што претставува најдобро регистрирано време досега на планината.