Најопремениот тунел за шверц на дрога и оружје

Шверцерски тунел кој американските власти го открија под границата со Мексико е, како што велат, најсофистицираниот кој нарко-мафијата досега го направила. Во тунелот долг 400 метри се откриени водовод, вентилациски систем и шини. Во песокот на Аризона тунелот бил откриен од федерални агенти во соработка со Агенцијата за имиграција и американската царинска управа.