Ерупција на вулкан во Индонезија: Пепелта се издигнала 5 километри...

Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра денес исфрли столб со вулкански пепел висок 5 илјади метри. Како што соопштија од индонезискиот Центар за вулканологија и ублажување на геолошките ризици, за среќа во ерупцијата нема повредени, а дебелиот слој на пепел прекрил неколку села во радиус од 20 километри од вулканот.