Браво момче! Ја шутнал топката преку кровот од куќата и – ја фатил од другата страна

Момче со потекло од Монаган, Ирска, извело одличен трик со топка. Тој ја шутнал топката преку својата куќа, а потоа истрчал низ дневната соба и кујната и ја фатил топката во раце од другата страна од дворот. Претпоставуваме дека му било потребно многу време за да го извежба овој трик, но така се станува вистински шампион.