Лидс сфати една работа: Ниту паузата не успеа да го смири „лудиот“ Алиоски (Видео)

Џани Алиоски е еден од клучните играчи во тимот на Лидс, а денеска се најде и во фокусот на последниот тренинг кој го одработија момците предводени од Марсело Биелса. Аргентинскиот експерт веќе ги насочува играчите со мисли кон промоција во Премиер лигата, а Лидс заклучи дека Џани не успеал да се смири ниту за време на корона паузата.