Тони Зен со видео порака испрати поддршка за лицата со мултиплекс склероза

30 мај е Меѓународен ден на лицата болни од мултиплекс склероза. Месец мај, вклучително и Интернационалниот ден посветен на овие лица кои водат тешка животна борба е месец кога се преземаат различни активности за зголемување на свесноста за болеста и нејзиниот третман. Нашиот познат артист Тони Зен, по овој повод испрати видео порака со поддршка за лицата болни од МС, како и апел за зголемување на колективната свест по ова прашање.