Лејди Гага и Аријана Гранде имаат заедничка песна

Најавуваната соработка помеѓу Аријана Гранде и Лејди Гага резултираше со нова песна и спот. „Rain on me“ е насловот на композицијата, која ќе се најде на шестиот студиски албум на Лејди Гага насловен како „Chromatica“. Албумот ќе излезе на 29 мај, а оваа песна и спот може да се толкуваат и како најава за истиот. За 16 часа, видео-записот имаше повеќе од 15 милиони прегледи, а брзо се искачува и на #trending листата.