Фетел од догодина нема да вози за Ферари: Погледнете како помина неговата кариера во „црвениот болид“

Себастијан Фетел после четири освоени титули пристигна во Ферари како големо засилување за тимот од Маранело и го исполни својот детски сон. Меѓутоа Италијанците едноставно не му доставија доволно добар болид на Германецот за да се бори со ривалите од Мерцедес, а еве како помина неговата кариера во „црвениот болид“ во изминатите пет години.