Британскиот министер за здравство е заразен со коронавирус!

Британскиот министер за здравство Мет Ханкок е позитивен на Ковид-19, а тоа го потврди непосредно откако и британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека е заразен со коронавирусот. „Позитивни се тестовите. За среќа, симптомите се полесни, работам од дома и сум изолиран“, изјави Ханкок во видео пораката објавена на социјалните мрежи.