Меси го прифати предизвикот од Чави и жонглираше со тоалетна хартија

Во овој период додека голем број од населението е во карантин, самоизолација, односно најголемиот дел од времето го минува во своите домови како превенција од коронавирусот меѓу фудбалските ѕвезди се разви еден предизвик, жонглирање со тоалетна хартија. Потребни се десет допири со тоалетна хартија за да предизвикот биде успешен, а истито дојде и до Лионел Меси кој успешно го заврши откако беше номиниран од Чави Ернандез.