Сакаше да полета и да докаже дека Земјата е рамна плоча: Погледнете го моментот од падот на ракетата на каскадерот

Американецот Мајк Хјуз, каскадер од Епл Валеј, загина во калифорниската пустина при обидот да полета со ракета која што самиот ја направил. На социјалните мрежи се појави и снимка на која е забележан моментот кога ракетата е лансирана, за потоа да падне на тлото во близина.