Дајте му медал на судијата

На кик-бокс меч во Тајланд, судијата станал вистинска ѕвезда. Откако еден од борачите бил нокаутиран, судијата се фрлил и ја ставил раката на неговиот врат за да го ублажи падот. Потоа му го извадил штитникот за забите и спречил посериозни последици. Добил овации од целата публика.